Еден обичен избор помеѓу два одговори може да каже многу за еден човек, или во случајот на ова истражување, за една цела генерација.
9GAG во соработка со истражувачката куќа GfK, спроведоа студија користејќи едноставен “Што би радо направил?“ прашалник, во кој успешно прибраа 134,694 одговори на младите во старосната група 18-34 од вкупно 194 земји ширум светот. Прашањата се однесуваа за нивниот избор во врска со животот, кариерата, политиката, технологијата и др.
Луѓе, младиве се поумни отколку што им признаваме и да, повеќе сакаат вистински пријатели – отколку следбеници на Инстаграм :). Еве ги резултатите од истражувањето за милениумците скоцкани во еден инфографик: