Во голема конкуренција од речиси 3.000 пријавени цртежи, избрани се најдобрите три цртежи што се искористени на пакувањето на трајното млеко Dukat. Во Музејот на современата уметност во Загреб беше промовирано лимитираното издание со овие цртежи, а од компанијата најавија дека во Хрватска, тие ќе бидат достапни на полиците во маркетите од 2017 година.
Tемата на креативниот ликовен натпревар „Млечни мустаќи”, од нашите ученици од основните училишта направи вистински мали креативци, а во нивните цртижи ќе можат да уживаат и сите љубители на млеко. Со натпреварот „Сакам млеко” од година во година сакаме да го привлечеме вниманието на децата и на возрасните за важноста од правилна и урамнотежена прехрана, а со оваа тема покажавме како сето тоа може да биде и интересно. Им благодариме на родителите, учителите и на сите оние што помогнаа учениците и годинава да цртаат со нас, рече Елена Волспергер Долезил, директорка за корпоративни комуникации во „Дукат”.
За победничките цртежи одлучуваше стручно жири според критериумите за креативност, оргиналност, техничка изведба и самостојност во изработката.
Во 2012 година „Дукат” почна со реализација на натпреварот „Сакам млеко”, со цел привлекување на внимание кај децата, родителите и учителите за важноста од правилна исхрана и стекнување на здрави навики во исхраната. Натпреварот е одржан под покровителство на Министерството за наука, образование и спорт на Хрватска, со поддршка и на Министерството за здравје на Хрватска, а во соработка со Музејот на современа уметност во Загреб.