Водечкиот производител на млеко и млечни производи во Јужна Кореја, Seoul Milk, пред некое време лансираше бизарна реклама која се најде на остри критики од јавноста поради сексизам и воaјеризам.
Рекламата е замислена како природонаучен документарец во кој еден истражувач-маж со својата камера скришум снима жени слични на самовили кои прават јога во недопрената дивина. Но, кога тој ненамерно ќе згазне на гранка, жените го забележуваат и веднаш се трансформираат во крави.
„Чиста вода, органска исхрана, 100% чисто Сеул Млеко. Органско млеко од органски ранч во пријатната природа на Чеонгјанг.“ – се заклучува во рекламата.
Но, јавноста не е импресионирана со обидот на млекарата. Напротив, на адреса на Seoul Milk стигнале бројни поплаки за сексизам и воaјеризам, а целата контроверзија се нашла како тема во бројни домашни и странски медиуми.
Сето тоа резултирало со официјално повлекување на рекламата (таа сепак може да се најде на интернет од други прикачувачи) и со извинување од компанијата.
„Ние искрено се извинуваме на сите кои се почувствуваа неудобно поради рекламата за млеко објавена на 29-ти минатиот месец. Ние ја сфаќаме оваа работа сериозно и ќе спроведеме внатрешна ревизија, а ќе преземеме и екстра внимателност за да спречиме слични инциденти во иднина. Ги поклонуваме нашите глави во извинување“ – се истакнува во соопштението на Seoul Milk.