Видовите на млеко од растително потекло се во постојан пораст. Знаеме за млеко од бадем, овес, кокос, соја и многу други. Сега, кон таа листа се придодава и млеко од компири!
Млекото е создадено од страна на шведскиот стартап DUG, во сопственост на Veg of Lund, со седиште во Малме – истиот град од каде што потекнува компанијата Oatly која прави млеко од овес.
Моментално, DUG произведува три типови на млеко: Original, Barista и Unsweetened (незасладено).
Млекото главно содржи компири (6%), вода и масло од маслодајна репка. Дургите состојки се витамини, вкусови и адитиви како протеини од грашок и влакна од цикорија.
Според DUG, одгледувањето на компири е земјоделски двапати поефикасно од овесот. Исто така, за компирот е потребно 56 пати помалку вода отколку за одгледувањето бадеми.
Во споредба со животинското млеко пак, компанијата тврди дека нивното млеко од компири остава 75% помалку негативен ефект врз климата.