Италијанскиот бренд на луксузна мода Gucci ја ангажираше американската поп-ѕвезда Мајли Сајрус да глуми во најновата кампања за парфемот Gucci Flora Gorgeous Orchid Eau de Parfum.
Во спотот ја гледаме сензуалната Мајли Сајрус како ужива во дивата и расцветана природа на ридот Холивуд, далеку од бучавата на Лос Анџелес, проследено со звуците на нејзината соодветно насловена песна “Flowers” („Цвеќиња“).
Замаглувајќи ги границите помеѓу реалноста и имагинацијата, кампањата раскажува приказна на лична автономија, самодоверба и љубов, отелотворувајќи ги сјајните и неочекуваните аспекти на новиот парфем.
Кампањата е создадена од страна на внатрешниот креативен тим на Gucci, предводен од креативниот директор Сабато Де Сарно. Спотот е режиран од Џејкоб Биксенман и Марсел Рев.