Денешен Гардијан во својата секција посветена на огласувањето и медиумите се осврнува на се поприсутниот тренд кој компаниите го употребуваат за да градат врска со клиентите, популарниот – мобилен адвертајзинг.
Авторот сублимира податоци во кои изнесува претпоставка дека ако пазарот во 2012 год. севкупно го правеле некои 526 милиони фунти, за годинава таа бројка е нарасната за дури 90% и ќе финишира со неверојатна 1 милијарда фунти.
Овој сеприсутен светски тренд на се помасовно прифаќање од страна на компаниите да се огласуваат на мобилни уреди – е секако резултат и на драстично зголемената бројка на мобилни уреди (мобилни телефони и таблети пред се) кои се повеќе-и повеќе се продаваат и користат.
Авторот се осудува и прави една подолгорочна проценка за 2016 година каде претпоставува дека ако севкупниот адвертајзинг пазар достиигне 8 милијарди фунти – мобилното огласување во колачот ќе учествува и со дури 3 милијарди фунти.
Се претпоставува дека само Фејсбук UK ќе “сврти“ некои 279 милиони фунти оваа година , што е за 25% пораст споредено со лани. Неоспорен е фактот дека главните адвертајзинг платформи во многу што ги подобрија приликите за мобилно огласување – што секако е главен “ветар во грб“ за компаниите да прават редистрибуција од десктоп буџетите за буџетите за на мобилен.
Главен дигитален огласувач во светски рамки сеуште останува Гугл, за кој eMarketer во најновото истражување предвидува дека само оваа година ќе заработи повеќе од 2,65 милијарди фунти од своите адвертајзинг производи.
Во Македонија ситуацијата значително се разликува. Тука многу малце (или воопшто НЕ) се прифаќа светскиот тренд на мобилно огласување иако сите факти говорат дека се повеќе се зголемува употребата на мобилните уреди (паметни телефони и таблети) и корисниците се повеќе и повеќе на интернет пристапуваат преку мобилен телефон.
Веројатно кривицата треба да се подели на повеќе страни, но првенствено боде очи фактот што во Македонија сеуште постојат компании од голем ранг кои немаат дури ни развиено соодветна мобилна веб страна – со што се оневозможува создавањето и затворањето на таа платформа, односно тој круг кој ќе обезбеди ефикасност во мобилнот огласување.
Пионир во понудата на продукти за мобилно огласување кај нас несомнено е HotZone Advertising сервисот на SunWireless, кој овозможува пласирање на мобилни огласи кои ќе таргетираат по повеќе параметри (локација, социјален статус, јазик и сл..) но полека и класичните веб медиуми се повеќе го прифаќаат трендот и создаваат свои мобилни страни на кои може да се пласираат огласи прилагодени за мобилни уреди.
Маркетинг агенциите се чини веќе го перцепираат овој тренд и прават напори да влијаат кај клиентите тие да алоцираат дел од буџетите за дигитал адвертајзинг токму на mobile, но сепак останува впечатокот дека големите огласувачи во Македонија сеуште многу повеќе љубат огласување на класичните медиуми отколку на дигиталните. А за на мобиелен велат – почекајте !