Во новиот извештај WARC, се претставува глобалните огласувачки трендови со фокус на мобилните уреди
WARC, меѓународно тело посветено на ефикасноста на огласувањето и медиумите, го објави својот најнов месечен извештај за глобалните огласувачки трендови, кој донесува најнови сознанија и докажани мислења од светската огласувачка индустрија.
Со фокус на мобилните уреди, овај најнов извештај за глобалните трендови ги опфаќа клучните наоди од 12 клучни пазари за WARC (Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Италија, Јапонија, Русија, Велика Британија и САД) на кои се однесува околу две третини од вредноста на вкупните глобални инвестиции во оглсувањето.
Мобилните се втор по големина огласувачки медиум во светот
Мобилните се сега втор по големина огласен медиум по инвестициите во огласувањето и тоа откако оваа година за прв пат го престигна онлајн огласувањето на десктоп уредите. Со очекувана годишна стапка на раст од 35,2%, се очекува дека мобилните огласи во сите формати ќе достигнат вредност од 98,3 милијарди долари во 2017 година, што претставува 23% од глобалната потрошувачка.
WARC проценува дека 51% од вкупните вложувања во мобилното огласување за оваа година ќе бидат распределени на огласи во пребарувањето.
Се очекува дека ТВ ќе остане најголем светски огласувачки медиум по вложувањата, оваа и следната година, со околу 139 милијарди долари.
Речиси целиот огласувачки приход на Фејсбук доаѓа од мобилните уреди
На социјалните мрежи отпаѓа повеќе од една третина од времето поминато на интернет дневно, на сите уреди (2 часа и 15 минути), а едно од седум лица (1,1 милијарди) пристапува на Фејсбук секојдневно преку мобилните уреди.
Се очекува дека мобилниот удел во огласувачките приходи на Фејсбук ќе изнесува 88% (34 милијарди долари) за 2017 година, што е за 5% повеќе од 2016 година.
Со оглед на тоа дека се очекува вложувањата во мобилното огласување на 12 пазари кои се проучуваат да достигнат оваа година 45,2 милијарди долари, постои силна поврзаност помеѓу глобалниот раст на мобилното огласување на Фејсбук и воопшто растот на мобилното огласување на овие пазари. Меѓутоа, иако растот на мобилното огласување значајно ќе ги надмине сите останати медиуми, како што растот на приходите на Фејсбук од мобилното огласување ќе се намалува (прогнозата на растот во 2017 година изнесува 40%, додека во 2016 година, прогнозата била 70%), така ќе се намалува и глобалниот раст на вложувањата во мобилното огласување.
На дуополот Фејсбук и Гугл се однесува една четвртина од вкупните глобални инвестиции во огласувањето
Со споредба на приходите на компаниите од податоците на базата на податоци од Adspend Database на WARC, која содржи податоци од 96 пазари, може да се утврди дека на дуополот Фејсбук и Гугл , оваа година отпаднаа 61% од сите вложувања во онлајн огласувањето, додека тој процент во 2016 година изнесуваше 58%, а во 2012 година – 47%.
Освен тоа, очекуваниот износ од 133 милијарди долари од нивните заеднички приходи од огласувањето ќе сочинуваат четвртина од вредноста на огласувањето во целиот свет во 2017 година, додека во 2016 година овај дуопол сочинуваше една петтина од огласувачкиот пазар, а во 2012 година само 9,4%.
Глобална анализа на медиумите: важноста на мобилните уреди во бројки
На мобилното огласување се однесува:
- 23% од глобалното вложување оваа година.
- 55% од огласувањето во Северна Америка се очекува да се фокусира на мобилна брендирана содржина до 2022 година.
- 88% од приходите на Фејсбук од огласувањето во 2017 година доаѓаат од мобилните уреди.
- 92% од секојдневните корисници на Фејсбук користат мобилни уреди.
- 135% се зголемило времето поминато на мобилните уреди од 2012 година.
Други клучни податоци од WARC Data платформата
- На програматското огласување се однесува повеќе од една третина од вкупната вредност на огласувањето во САД.
- Инвестициите во огласувањето се зголемувале побрзо од глобалната економија од 1980 година.
Global Ad Trends е дел од WARC Data платформата која претставува посебна онлајн услуга која обезбедува најнови критериуми во огласувањето, податоци, трендови и богата база на податоци креирани од страна на корисниците, а достапна е само со претплата. За повеќе информации посетете ја: https://www.warc.com/data.