Специјализиран, мултидисциплинарен тим ќе ја дефинира, заштитува и подобрува репутацијата на компанијата на глобално ниво и ќе ја шири свеста за лидерската улога на Moderna во развојот на mRNA-технологијата
Фрамацевтскиот гигант Moderna ја назначи DXTRA Health Integrated Solutions за своја глобална комуникациска агенција. Се работи за целосно интегриран колектив на специјализирани агенции за маркетинг услуги во рамките на Interpublic Group со повеќе од 1.500 посветени здравствени експерти.
Партнерството го следи одговорот на Модерна на глобалната пандемија на Ковид-19, во која компанијата произведе стотици милиони дози од својата вакцина против Ковид-19 со невидена брзина, користејќи ја револуционерната mRNA-технологија.
DXTRA Health Integrated Solutions преставува интегриран и меѓудисциплинарен тим кој е составен од теленти и експерти од агенциите Weber Shandwick, Golin и Jack Health. Тимот, предводен од генералниот директор за здравствена заштита на DXTRA Health, Лаура Шоен, ќе ја поддржи Moderna во активирањето и интеракцијата со клучните внатрешни и надворешни публики, вклучувајќи ги сопствените вработени, потрошувачите, давателите на здравствени услуги, примателите на вакцини и креаторите на здравствени политики.
„Возбудени сме што ќе соработуваме со DXTRA Health бидејќи сакаме дополнително да го едуцираме светот за mRNA-технологијата на Moderna и нејзиниот потенцијал да ја трансформира иднината на човековото здравје. Стратешките лидери на DXTRA Health, креативниот фокус и глобалниот карактер ќе ѝ обезбедат на Moderna да ги подигне своите комуникации низ целиот свет“ – рече Кејт Кронин, генерален бренд директор на Moderna.