Најголемата светска непрофитна организација за заштита на животната средина, World Wide Fund for Nature (WWF), ја објави својата нова принт кампања со помош на агенцијата Oniria\TBWA од Парагвај.
Кампањата, насловена “Global Warming Collection” („Колекција Глобално затоплување“), комбинира карти и графикони кои го објаснуваат глобалното затоплување и неговиот импакт врз животната средина, со модни креации дизајнирани според боите на соодветно прикажаните графикони.
Кампањата е пропратена и со промотивно видео во стил на гламурозните уметнички модни филмови, како и со краток документарен филм кој го објаснува проблемот на глобалното затоплување и креативниот процес на создавањето на модната колекција т.е. кампањата.
Во време кога голем број од модните брендови вложуваат во промоцијата на своите нови сезонски колекции, кампањата на WWF е добро потсетување за глобалниот климатски поблем со кој се соочуваме сите и го чувствуваме на своја кожа – буквално!