Десетина жени денеска “облечени” во костими за капење го привлекуваа вниманието на случајните минувачи на плоштад Македонија.
Настанот кој сме сигурни дека остави силен впечаток кај сите што денеска поминува низ главниот плоштад, е во организација на брендот Лисца, во соработка со агенцијата Идеа Лаб. Оваа акција беше со мисија да ја пренесе позитивната енергија и моќта на сите жени. Како на Пјаца Дуомо во Милано, така и на Плоштад Македонија во Скопје, жените излегоа пред јавноста и ја нагласија гордоста која ја имаат за себе и своето тело. Тие чекореа со крената глава и насмевки на нивните лица. Им покажат дека тие, сите до една, се прекрасни!
Модната парада за позитивна слика на телото беше насловена “Горда што сум своја“. Истата за прв пат се одржа во Скопје и имаше за цел да каже НЕ на дискриминацијата. Идејата е да се убедат жените и мажите да ги „соблечат сите видови на предрасуди“.
Лисца е бренд кој е секогаш е посветен на убавината на секоја жена и е ентузијастички поддржувач на иницијативата #proudtobeme. Пример за тоа се нивните модни линии кои можат да го зголемат чувството на самодоверба и кохезија.