KARIERA.mk лансира нов продукт кој значително ќе помогне во процесот на вработување на секој кој е во потрага по ново работно место. МојаКАРИЕРА е корисничка картичка која е наменета за сите луѓе кои се во интензивна потрага по работа во регионот. При активација на картичката секој клиент се стекнува со дополнителни бенефиции кои ќе го олеснат патот кон вработување.
Ве препорачуваме кај компаниите!
МојаКАРИЕРА картичката нуди две верзии, при кои секој потенцијален клиент може да одбере какви дополнителни услуги му се потребни на патот кон своето ново работно место. Имено при активација на картичката, клиентот може да одбере МојаКАРИЕРА основна картичка и МојаКАРИЕРА PRO картичка.
Со основната картичка, која е бесплатна опција, секој клиент со прикачување на своето CV добива и опција за автоматско предложување пред компаниите со кои има исти или слични интереси. На пример, доколку еден апликант одбере интереси во областа на административното работење, неговото CV ќе биде мечирано со соодветни компании кои се во потрага по административни работници.
Ви помагаме да го креирате вашето професионално CV!
Доколку клиентот одбере картичка МојаКАРИЕРА PRO, по промотивна цена од 290 ден. добива и дополнителна услуга за професионална проверка на неговото CV пред да биде предложен кон соодветните работодавци. На овој начин секое CV ќе изгледа комплетно и апликантите ќе добијат самодоверба дека нивната апликација изгледа одлично!
Ќе имате пристап до екслузивни содржини!
Со MojaKARIERA PRO картичката добивате стручни текстови за кариерен развој, правни совети, темплејти кои може да бидат корисни при процесот на вработување или пак давање отказ од петходното работно место и дополнителен гратис ваучер од 600 ден. за промовирање на огласи за продажба на автомобили, недвижности, екектроника или нешто друго на KARIERA.mk.
Оваа картичка ќе биде големо освежување на пазарот на труд и воедно сметам дека е значителна помош за сите луѓе кои се во потрага по работно место подолг период. Пред се, оваа картичка е наменета за млади луѓе на кои им е потребна помош и кои се со желба за промени и инвестирање во своите знаења и иднина! – Зорица Бужаровска Бошковска, генерален директор на KARIERA.mk
За да ја активирате вашата МојаКАРИЕРА картичка, истото можете да го сторите на следниот линк.
Посакуваме успешно и побрзо вработување за секој потенцијален апликант на KARIERA.mk !