После 500 години стоење во место со цел да ја гледаат милионите посетители на Лувр, прекрасната Мона Лиза на Леонардо Да Винчи бега од музејот со цел го искуси светот – си замислува францускиот бренд минерална вода Perrier во својата нова реклама.
Конечниот поттик за Мона Лиза да излезе од сликата се меурчињата на оставеното шише со природна минерална вода на Perrier, по што таа се впушта во авантура низ реалниот свет, искусувајќи го животот како припадник на младата Генерација Z.
Шармантната кампања, насловена „Извонредната Мона Лиза“, е дело на креативната агенција Rosapark од Париз.