Мултинационалната компанија за прехрамбени производи Mondelēz International го соопшти лансирањето на нова платформа дизајнирана да ги подобри нејзините глобални маркетинг способности, истовремено оптимизирајќи ги искуствата на потрошувачите преку проширена употреба на вештачка интелигенција и генеративна вештачка интелигенција.
Развивајќи ја во партнерство со Accenture и Publicis Groupe, новата платформа на компанијата ќе овозможи побрзо и поефикасно креирање на персонализирани текстуални пораки, слики и видеа – на тој начин помагајќи им на брендовите на компанијата да останат чекор понапред во услови на забрзан развој на вкусовите и интересите на потрошувачите.
„Искористувањето на моќта на генеративната вештачка интелигенција ќе ги поттикне нашите вработени да имаат проактивна улога во тоа како нашите брендови се претставуваат на пазарот“, посочува Џон Халворсон, виш потпретседател за глобални потрошувачки искуства и дигитална трговија во Mondelēz. „Оваа иницијатива ќе го поттикне развојот на вистинска вредност за бизнисот преку создавање, персонализирање и дистрибуција на креативни решенија, не само брзо, туку и безбедно, сигурно и со интегритет“.
Надоврзувајќи се на долгогодишното партнерство со Mondelēz, Accenture воспостави силно дигитално јадро што ѝ овозможува на компанијата да собира и обработува податоци во реално време – користејќи генеративна вештачка интелигенција за да дојде до нови, контекстуализирани сознанија – лесни за пристапување, споделување и примена од носителите на одлуки во компанијата. Во иднина, Accenture ќе помогне да се зголеми и активира оваа платформа преку стратегии за имплементација и обука на вработените.
„Како куратори на некои од најпознатите светски брендови, маркетерите на Mondelēz ќе можат да ја искористат моќта на податоците, вештачката интелигенција и генеративната вештачка интелигенција за да поттикнат иновации, да собираат сознанија за публиката и пазарот, да ги подобрат процесите зад сцената, да го подобрат мерњето на перформансите, да спроведуваат тестови во речиси реално време и да ги олеснат повисоките степени на персонализација на секоја допирна точка со потрошувачите“ – објаснува Венки Рао, директор за податоци и вештачка интелигенција во Accenture за Северна и Јужна Америка и раководител на односите со Mondelēz.
Publicis Groupe ќе биде одговорна за изведбата и градењето на основната платформа со генеративна вештачка интелигенција, која ќе ги напојува креативните способности на Mondelēz.
„Publicis е горд партнер на ова трансформативнно патешествие, како дел од нашето пошироко решение Power of One за Mondelēz и го споделува истиот холистички пристап – ги здружува најдобрите способности за да обезбеди решение што навистина ја менува играта, поткрепено со најдобрите податоци и технологија“ – додава Скот Хагедорн, глобален главен архитект за решенија во Publicis Groupe.
Двете организации тесно ќе соработуваат со маркетинг тимовите на Mondelēz за да ја реализираат визијата за редефинирање на маркетингот на стоки за широка потрошувачка. Платформата ќе биде развиена врз основа на водечки принципи за дизајн во согласност со одговорна рамка за вештачка интелигенција кој ќе обезбеди етичка и законски усогласена примена.