Француската непрофитна организација Observatoire des Inégalités („Набљудување на нееднаквостите“) лансираше нова кампања заедно со друштвената игра Монопол со цел да ja подигне свеста помеѓу младите луѓе за нееднаквоста и дискриминацијата.
Кампањата се промовира преку онлајн видео кое прикажува луѓе што играат верзија на класичната игра во која правилата се адаптирани со цел да ја отсликуваат дискриминирачката реалност во денешното општество.
Оваа верзија на играта, именувана како „Монопол на нееднаквостите“, е достапна преку официјалниот веб-сајт на организацијата.
Кампањата е создадена со помош на француската агенција Herezie.