Брендот на луксузни инструменти за пишување Montblanc лансираше нова колекција на пенкала и наливни пера посветена на британскиот писател Сер Артур Конан Дојл и неговиот најпознат лик Шерлик Холмс.
Колекцијата е дел од заложбите на брендот за одбележување на некои од најзначајните писатели во историјата. Минатата година тоа беше Виктор Иго, а за 2021 е избран Артур Конан Дојл, чиј роман „Баскервилскиот пес“ оваа година навршува 120 години од своето прво издание.
Колекцијата на доаѓа во четири модели – „Writers Edition Sir Arthur Conan Doyle Limited Edition 8“, „Limited Edition 97“, „Limited Edition 1902“ и „Sir Arthur Conan Doyle Writers Edition“.
Заедничко за моделите е штипката во форма на лупа, гравираниот потпис на писателот, а на врвот од наливните пера е гравиран и неговиот портрет. Меѓутоа, секој модел во себе инкорпорира и посебни елементи, специфични за одредена приказна поврзана со Шерлок Холмс.
Покрај пеналата, колекцијата вклучува и нотеси, мастилници и футроли за чување на пенкалата.
Повеќе за уникатните пенкала и симболиката инкорпорирана во нив можете да слушнете на видео-презентацијата во продолжение:
Официјални застапници на брендот Montblanc за Македонија се Божиновски часовници и накит.