Социјалната мрежа TikTok лансираше нова кампања за американскиот пазар, насловена “You Have To See It” („Мора да го видиш“).
Кампањата ќе се состои од серијал на реклами во кои актерите во улога на различни луѓе во различни животни околности им раскажуваат на своите пријатели или колеги за некое интересно видео кое го гледале на TikTok, заклучувајќи дека сето раскажување е „џабе“ додека нивните соговорници не го гледаат тоа видео за себе.
Тука треба да се напомене дека видеата за кои се зборува во рекламите се всушност вистински видеа објавени од корисници на платформата, а кои евентуално станале вирални.
Во првиот спот на кампањата се раскажува за видео објевено од корисничката @samanthartsoe, која објавила видео во кое открива мистериозен напуштен апартман позади огледалото во нејзината бања.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Le Truc, дел од мрежата на Publicis Groupe.