Брендовите на автопатот во Москва ги тестираат целните потрошувачи според автомобилот кој го возат, користејќи го квалитетот на нивните возила како би ја утврдиле нивната „вредност“ помеѓу останатите фактори.
Камерата поставена на одредена оддалеченост пред дигиталниот билборд, го препознава видот на автомобилот кој се приближува и ги користи тие информации да достави релевантен оглас кога тие поминуваат покрај билбордот.
Системот работи по истите принципи како и целните онлајн огласи, пишува MIT Technology Review.
Авто брендот Jaguar наводно купил имперсии за целните возачи (наводно 22.000), слично како што тоа би го направил за онлајн кампања. Се користат податоци како што се марка, модел и година на производство на автомобилот, како би се утврдило дали е вредно да се обидат на нивните возачи да го промовираат Jaguar.
Експериментот наводно ќе продолжи на некаде околу 20 до 50 билборди во Русија оваа година. Коосновачот на компанијата Synaps, Aleksey Utkin, го опиша овај вид на таргетирање како „offline cookie“, наведувајќи дека таблиците на возачите се кодирани, како би се осигурала анонимност.
Слична кампања наводно започнала и агенцијата Bermuda Tourism претходно оваа година во Велика Британија, кога кампањата „Hello Bermudaful“ ги таргетирала возачите на престижните автомобили.