На 3-ти ноември во хотелот Холидај Ин ќе се одржи мотивациска конференција со наслов “Љубов и Бизнис“ на која учесници ќе бидат едни од најдобрите мотивациски и инспирациски говорници во Македонија заедно со некои од најуспешните тренери за личен и професионален развој од регионот.
Како потвредни говорници на настанот се: Коста Петров, Кочо Аѓушев, Кристина Ерцеговиќ, Хајан Селмани, Катерина Ангеловска, Илина Ведран, Иван Лапчевиќ, Елена Антоновска Едизер, Зоран Витанов и Марина Анчевска.
На оваа конференција ќе имате можност да ги слушнете нивните тајни на успехот и да се запознаете со разни начини и алатки кои ви се неопходни за исполнување на личните и професионални цели.
Многу често мислиме дека патот до успехот е трновит и тежок, но доколку го усмериме нашиот фокус кон вистинската цел и ги искористиме правите ресурси целото тоа патување може да биде и задоволство, кое освен материјалниот успех ќе ни помогне да постигнеме и внатрешно самоостварување.
Целта на оваа конференција е да ве мотивира да направите чекор надвор од границите на ограничувањата и да научите како во секоја прилика да пронајдете можност која ќе создаде успешна и пред се задоволна личност во својата професионална кариера.
- Понекогаш само една практична идеја може драстично да влијае на успехот на Вашата компанија. Добијте увид на бизнис моделот и тактиките за успех од најдобрите и најуспешните;
- Како Вашата работа да ја работите со љубов и емоција, а не дека морате тоа да го правите;
- Дознајте од која емоција делувате во работата и како сето тоа се рефлектира на вашите резултати;
- Како со менување на вашиот mindset можете да постигнете врвни резултати во вашата кариера;
- Како клиентите да ве изберат токму вас во време на огромна конкуренција;
- Како да изградите вистински вредности поради кои ќе бидете препознатливи и барани на пазарот;
- Како да напредувате во својата компанија останувајќи на свој идентитет;
- Начини и вештини за надминување на кризните периоди во бизнисот и кариерата;
- Нови знаења и бизнис информации кои ќе бидат од непроценлива вредност за развојот на Вашата кариера и Вашата компанија;
- Практичен увид за најесенцијалните вештини потребни за напредок во денешната бизнис околина, директно од личните искуства на некои од најпознатите менаџери во Македонија и регионот;
- Networking – Запознајте ги Вашите потенцијални клиенти, соработници и бизнис партнери, на местото каде што ќе се сретнат најиновативните лидери од бизнис сектор;
Повеќе информации за обезбедувањето присуство на оваа конференција можете да погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Во склоп на конференцијата “Љубов и бизнис“, ќе имате можност да бидете дел од ова интерактивно предавање/ работилница, кое ќе го одржи еден од најдобрите бизнис ментори на Балканов и жената која е основач на познатото Бизнис Кафе.