Автори: Оливера Перковиќ, директорка и Јана Савиќ Растовац, креативна директорка на агенцијата McCann Белград
Поминаа дванаесет години од фуријата наречена „Тоа,куме!“, реклама која постана дел од ДНК-та на нашето агенциско претставување, референца за она што се бара, она што е добро, вистинито, вистинско, домашно.
Во изминатите дванаесет години, безброј пати сме слушнале дека се посакува нешто како „Тоа, куме!” и безброј пати сме дискутитерале дека тоа не е решение.
Новите пазарни прилики ни донесоа можност со оваа легенда да се обраќаме онака како што мислиме дека треба. Со вистината. Truth Well Told или „Вистината добро кажана” е водилка на креативната филозофија и McCann брендот.
Новата кампања за брендот LAV е повод за една клучна и многу помали вистини. Некои ставивме во рекламата, а некои во овој текст.
Клучната вистина:
Вистината е дека некои реклами се подобри од другите.
И многу помали:
- Вистина е дека пивскиот адвертајзин е во криза.
- Вистина е дека адвертајзингот во пивската категорија би требало да биде еден од најслободните, најзабавните.
- Вистина е дека ова е процес на барање на сите релевантни вистини – за категориите, за потрошувачите, за компниите, за производите, за нас и контекстот во кој живееме.
- Вистина е, исто така, дека токму тој контекст во економијата, културата, менталитетот го одреди успехот и неуспехот на сите пивски кампањи низ времето.
- Вистина е дека категоријата се редефинирала, променила.
- Вистина е дека без оглед на трендовите, потрошувачот секогаш го цени добриот производ и транспарентноста.
- Вистина е дека не е лесно да се повтори ниедна реклама која станала културолошки феномен, репер за успешност или синоним за бренд.
- Вистина е дека најголемите успеси посакуваш да ги доживееш повторно.
- Вистина е дека успехот некогаш доаѓа не толку од рекламите, колку од производите.
- Вистина е и спротивното.
Креативен тим: Бојан Бабиќ, Владимир Вуковиќ, Лидија Миловановиќ
Акаунт: Горан Јовиќ
Креативен директор: Јана Савиќ Растовац
Стратешки планер: Марија Стошиќ