Mozilla повторно ќе го менува логото на Firefox, овој пат со помош на своите фанови. Но, во план не е да се создаде само нова икона за пребарувачот, туку да се редизајнира целосната серија на производи под името на брендот. Mozilla веќе објави некои можни опции и сега бара од корисниците да дадат свое мислење како тие треба да изгледаат.
„Како икона, брзата лисица со огнена опашка не нуди многу дизајнерски опции кои ќе претставуваат цела фамилија на производи,“ објавија од Mozilla во блог-пост. Тоа значи дека оваа промена на логото нема да биде обично менување на боја или подобрување на елегантниот изглед на формата на лисицата, туку Mozilla ќе почне од нула во многу аспекти на овој редизајн на Firefox.
Компанијата сподели два „системи на дизајн“ за кои бара фудбек од корисниците. И двете опции нудат едно „главно“ лого – стилизирана геометриска глава на лисица или огнен круг, под чија „капа“ ќе се наоѓаат сите останати производи. Mozilla сподели опции за лого на главниот пребарувач, како и за други алатки.
„Секоја од иконите ќе помине низ неколку фази на рафинирање, или можеби ќе бидат променети целосно од сега до денот кога ќе бидат официјално лансирани. Нашиот фокус во овој момент е насочен кој дизајнерските системи,“ истакнаа од компанијата.
Оваа не е првата промена која Mozilla ја прави во дизајнот на Firefox во релативно скоро време. Во декември лансираше посветла и посимплифицирана икона за Firefox Quantum. Исто така, овој целосен редизајн е сличен на процесот кој Mozilla го спроведе пред 2 години кога го редизајнираше сопственото лого.