МРТ распиша конкурс за избор на нов директор и заменик директор на МРТ. Распишан е оглас и за избор на членови на Надзорниот одбор, пренесува еМагазин.
Врз основа на член 153 став 8, од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Сл. Весник на РМ 184/13;13/14;44/14;101/14;132/14), Програмскиот совет на МРТ на 3-та седница одржана на 26.01.2015година , донесе одлука за распишување конкурс за избор на Директор на МРТ и Заменик на директорот на МРТ
Директорот на МРТ и Заменикот на директорот на МРТ се избираат за период од 3 (три) години со можност за повторен последователен избор.
Кандидатите што ќе се пријават треба да ги исполнуваат следниве услови:
– да се државјани на Република Македонија;
– да имаат високо образование;
– да поднесат Програма за работа на МРТ за период од три години;
– да имаат над пет години работно искуство во областа на комуникологијата, новинарството, електронските комуникации, информатиката, културата, економијата или правото.
Кандидатите на јавниот конкурс со пријавата треба да достават:
– Уверение за државјанство:
– Програма за работа на МРТ за период од три години;
– Диплома за завршено високо образование;
– Кратка биографија;
– Потврда за пет години работно искуство во областа на комуникологијата, новинарството, електронските комуникации, информатиката, културата, економијата или правото.
Кандидатите на јавниот конкурс кон пријавата и соодветните докази за исполнување на бараните услови во еден плик, доставуваат и Програма за работа на МРТ за период од три години во друг плик, потпишан со шифра чие дешифрирање е во првиот плик. Пријавата и програмата за работа се доставуваат во пликови А3 формат со назнака: “За конкурс за избор на Директор на МРТ“, односно “За конкурс за избор на Заменик на директорот на МРТ“.
Конкурсот да се објави на програмите на МРТ и ВЕБ страницата на МРТ и во најмалку два дневни весници во РМ од кои еден на македонски јазик и еден на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот.
Конкурсот трае 15 дена сметано од денот на објавувањето во дневниот печат.
Врз основа на член 153 став 6, од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Сл. Весник на РМ 184/13; 13/14; 44/14;101/14;132/14), Програмскиот совет на МРТ на 3-та седница одржана на 26.01.2015година , донесеодлука за распишување конкурс за избор на членови на Надзорниот одбор на МРТ.
Членовите на Надзорниот одбор на МРТ се избираат за период од 5 (пет) години со право на уште еден последователен избор.
Кандидатите што ќе се пријават треба да ги исполнуваат следниве услови:
– да се државјани на Република Македонија;
– да имаат високо образование;
– да поседуваат знаење и најмалку 5 (пет) години искуство од областа на финансиското и сметководственото работење.
Кандидатите на јавниот конкурс со пријавата треба да достават:
– Уверение за државјанство;
– Диплома за завршено високо образование;
– Кратка биографија;
– Потврда за пет години искуство од областа на финансиското и сметководственото работење.
Кандидатите за членови на Надзорен одбор на МРТ поднесуваат Пријава за конкурсот со соодветните докази за исполнување на бараните услови, во затворен плик со назнака (за учество на конкурсот за Надзорен одбор на МРТ)
Конкурсот да се објави на програмите на МРТ и ВЕБ страницата на МРТ.
Конкурсот трае 15 дена сметано од денот на објавувањето на програмите на МРТ.