Можете ли да го замислите светот без интернет? Денес, кога сè ни е на дофат на рака, со само еден клик, веќе не се поставува прашањето дали може, туку колку брзо. Дигитализацијата е дел од нашата реалност, нешто за кое постојано се зборува, но често на апстрактен начин. Ултра брзиот интернет, како основа за дигитализацијата, влијае на нашите приватни планови, бизнисот, цената на производите, вредноста на недвижниот имот и многу повеќе. Во новата кампања за mts оптичката мрежа, McCann Белград симболично ги претставува карактеристиките на овие услуги, со помош на сокол, оморика и Морава, со кои се сретнавме за време на пост-пејд кампањата, како и светлинските оптички снопови, новиот лајтмотив која преовладува во оваа кампања.
https://www.youtube.com/watch?v=MO0DjwYDs8k
“mts, како најголема национална мрежа, постојано ги следи најновите трендови во светот и ги применува најдобрите технички решенија кои првенствено имаат за цел да го подобрат животот на нашата заедница. Оптичката мрежа, која ја воведуваме бесплатно, е навистина револуционерна понуда, која главно се карактеризира со исклучителен квалитет, која ќе ги задоволи потребите и желбите на најсложените корисници. Се надеваме дека сите корисници во еднаква мерка да ги разберат големите предности на оптиката, која овозможува користење на најсовремени услуги и поврзување на голем број на уреди, во зависност од желбите и потребите на сите членови на семејството”, изјави Јана Љубичиќ, извршен директор на Дирекцијата за приватни корисници, Телеком Србија.
Радојка Бошковиќ, Group Account Director на агенцијата McCann Белград, додава: “Услугите кои ги промовираме во новата кампања им се потребни на сите – на креаторите на содржини за брзо прикачување, на гејмерите да уживаат, а на другите членови на семејството слободно да користат се`, од телефон преку лаптоп до смарт ТВ, па дури и паметен фрижидер. Оваа кампања креативно се потпира на пост-пејд кампањата “mts го чува твојот свет“, во која сокол, оморика и Морава повторно играат важна улога, помагајќи да ги доловиме придобивките од оваа услуга на многу симболичен начин. “