Музика24.мк е единствениот специјализиран музички портал на македонскиот медумски простор. Порталот започна со работа во 2011 година со цел афирмативно електронското анимирање на музичката читателска публика и следење на новостите и вредностите на македонската, балканската и светската музичка сцена.
Новинарската и техничка екипа задолжена за порталот како императив го има вкусот на помладата публика, но бидејќи музиката не познава бариери и ограничувања, од Музика24 се посебно горди на тоа што порталот го следат различни старосни групи на читатели.
Основните новинарски постулати да се биде секогаш на време на лице место на настанот и да се информира читателот реално и без прикриена позадина, беа и останаа основен кодекс според кој функционира новинарскиот тим на порталот.
Музика24 својата релевантност ја има потврдено со медиумското покровителство на повеќе музички настани како што се „Пивофест“, „Охрид Фест“, „Макфест“, „Гастромак“ и други. Младиот тим на новинари бил присутен на сите јавни настани во земјата и регионот следејќи ги од прв ред и информирајќи ја својата публика навремено и точно.
Оваа година, Музика24 го одбележува својот 10-ти роденден, а по тој повод порталот одлучи да се ребрендира и редизајнира со нов модерен изглед, ново лого и визуелен идентитет базиран врз црвената и жолтата боја.
„Црвено-жолтата боја не значи дека сме само македонски музички портал, туку и дека после толку години постоење на интернет просторот, во идниот период внимание и простор ќе даваме пред сé на македонската музичка сцена, новите музички лица, како и сé она што е ново, а ни доаѓа од нашата држава и вреди да се спомене и промовира – бидејќи тоа е она што навистина недостасува!“ – истакнува Иван Јосимовски, главен и одговорен уредник на Музика24.мк.
Ние им го честитаме роденденот на Музика24.мк и им посакуваме уште многу години успешна работа!