Нашиот маркетинг радар улови една поинаква кампања која во моментов се одвива на Инстаграм. Таа повикува на интеракција со корисниците преку користење на Instagram AR филтер и на крај доделува подароци. Веќе сакате да знаете повеќе?
Се работи за промоција на новиот бренд на часовници достапен во MY:TIME – „Lacoste“. Кампањата доаѓа како резултат на дигиталната стратегија која компанијата ја постави за време на пандемијата, како креативна замена за настан со кој обично ги пречекува и промовира своите нови брендови на пазарот. Целосната изведба на кампањата е од самата компанија, односно организирано од нивниот внатрешен маркетинг тим. Единствен „outsource“ е програмирањето на филтерот, како и дополнителната промоција на истиот, за која се ангажирани 10 лица кои го живеат животот во духот на „Lacoste“.
Публиката се запознава со новиот бенд, се активира и доаѓа во контакт со брендот за да добие шанса за подарок часовник. Сѐ што треба да направи е да се сними со филтерот, да го објави видеото на Story и да го тагне официјалниот Инстаграм профил на @mytime.mk.
Кампањата трае до 06.05.2021, а филтерот е достапен само на мобилната апликација Инстаграм и може да се отвори преку следниот линк.