Во период на припрема за празничната сезона и брзата динамика на животот, MY:TIME со гордост ја претставува својата најнова кампања „МОМЕНТИ ЗА НАС“, која служи како нежен потсетник за она што навистина е важно. Кампањата ја пренасочува светлината од големите настани кон малите, интимни мигови на искрена блискост.
MY:TIME ја пренесува пораката дека животната вредност не лежи во гламурот, туку во секојдневната љубов, смеа и безусловно присуство. Овие тивки моменти се суштината на нашите сеќавања и најдрагоценото наследство што го создаваме.
Моќна порака оживеана од Никола Ристановски
Главната порака на кампањата оживува преку црно-бело видео, во чиј фокус е македонскиот актер Никола Ристановски. Неговата автентичност и моќна нарација ја засилуваат пораката, пренесувајќи ја филозофијата на кампањата со неверојатна длабочина.
Во видеото, Ристановски го пренесува следниот текст, кој служи како манифест на целата кампања:
„Верувам дека моментите што остануваат со нас не се оние гламурозните, туку оние секојдневните. Моментите кои ако трепнеш можеш да ги пропуштиш, а се заслужни за најубавите брчки кои што ги имаме околу усните и очите. Брчки од смеа, од љубов и од благодарност. Овие моменти нè обликуваат. И овие моменти го прават животот вреден за искусување.“
Зошто „Моменти за нас“?
MY:TIME верува дека во брзата динамика на модерниот живот, луѓето честопати ги забораваат овие скапоцени мигови. Кампањата е покана за пауза, за свртување кон внатре, кон семејството и најблиските, и за ценење на оние моменти кои, иако мали, остануваат во нашето сеќавање како најдраги и највредни.
„Ова не е само реклама, ова е ода за животот. Ода за оние тивки, нефотогенични моменти кои ги градат нашите односи и ја дефинираат среќата“ – изјавуваат од MY:TIME и ни порачуваат: „Овие празници споделете ги своите #МоментиЗаНас и пронајдете ја магијата во обичното.“

















