Showtime е името на првата конференција за евент индустријата кај нас која ќе се оддржи на 10-ти Јуни годинава во Скопје.
Showtime е целодневен настан дизајниран да привлече професионалци од евент индустријата со различни позадини, а ќе ги соедини маркетинг и евент професионалците и ентузијастите и ќе им овозможи платформа за споделување на искуства, идеи, перспективи и мислења за трендовите и развојот во евент индустријата.
На Showtime ќе зборуваат еминентни професионалци од евент индустријата, па навистина ќе има што да се слушне. Повеќе околку говорниците можете да погледнете и овде.
Конференцијата е наменета за сите кои се вклучени во испорака на фантастични искуства низ внимателно креирани настани, а планирана во одговор на растечките трендови и внимание кон настаните – корпоративни и приватни, изложби, саеми, концерти, конференции и тренинзи и разни БТЛ активности од страна на маркетинг професионалците но и од помали агенции за организација на настани како и фриленс организатори на настани во регионот.
Конференцијата е наменета за Вас ако Вие сте:
• Маркетинг или евент професионалец од фул сервис маркетинг агенција;
• Планер или организатор на настани;
• Ин-хаус корпоративен организатор на настани;
• А/В подизведувач кој сака да се прошири кон развој и планирање на настани;
• Понудувач на услуги во евент индустријата (фотографија и видео, дизајн, логистика, обезбедување итн.)
• Во тренинг или евент ентузијаст;
• Заинтересирани за развој, планирање и продукција на настани и сакате да се сретнете со релевантни лица од евент индустријата.
Early Bird влезниците се во претпродажба до 11.05.2016 со попуст од 67% и цена од 3.044 денари со вклучен ДДВ. Бројот на early bird влезници е ограничен.
Повеќе за настанот погледнете и на www.show-time.mk.