На 5 и 6 март 2020 година во Шри Ланка ќе се одржи првото, историско издание на креативниот фестивал Epica Awards Sri Lanka, во организација на Epica Awards.
Epica Awards е единствената меѓународна креативна награда жирирана исклучиво од новинарите кои ја следат индустријата и постои веќе 33 години, а се одржува секоја година во Амстердам, Холандија. Со 200 жири-членови и преку 4,000 пријавени кампањи секоја година, тоа е еден од најголемите меѓународни креативни фестивали во светот.
Новата локална инкарнација на Epica Awards која ќе се одржи во Шри Ланка не само што ќе го постави златниот стандард за креативноста во државата, туку ќе биде и домаќин на 16 меѓународно признати говорници кои оставиле свој белег врз глобалната креативна индустрија.
Листата на говорници ја сочинуваат: Тед Лим (CCO, Dentsu APAC), Али Рез (регионален ECD, BBDO Worldwide), Теј-Гван-Хин (основач/глобален CCO, TGH Collective), Адам Фериер (потрошувачки психолог/основач во Thinkerbell), Мерли Круз Џајме (претседател и CCO, Dentsu Jayme Syfu), Асам Халид (ECD/директор за стратегија, Ogilvy Islamabad), Бабита Баруах (управен партнер, GTB India), Раџдепак Дас (MD India и CCO, Leo Burnett South Asia), Индранел Гуха (стратешки планер/ко-основач, Ki Saigon), Кум Кум Фернандо (креативен директор/ко-основач, Ki Saigon), Удара Витана (директор за стратегија, APAC Toaster), Џонатан Доминиц (основач, Mindscapes), Филипе Пагет (CEO, Maydream) и Марк Тангејт (уреднички директор, Epica Awards).
„Шри Ланка беше гладна за платформа да ја презентира својата креативност и да биде оценета според меѓународни стандарди. Креативноста не може да се развива без критика, па така Epica Sri Lanka е идеална можност за да учиме и да се подобриме. Ветувањето на Epica Awards за „непристрасна креативност“ не можеше да дојде во подобро време за државата,“ истакна Сугибун Сатијаморти, претседател на Асоцијацијата на акредитирани адвертајзинг агенции на Шри Ланка.
Уредничкиот директор и модератор на жирито, Марк Тунгејт, додаде дека: „Големо е задоволството да ја извеземе уникатната формула на Epica за независно новинарско жири во Шри Ланка. Се надеваме дека ова е првиот чекор во долга авантура и сме горди што ќе играме мала улога во адвертајзинг историјата на Шри Ланка.“
Се очекува на фестивалот да учествуваат преку 750 делегати. Спонзори на настанот се националниот авиопревозник SriLankan Аirlines и угостителскиот партнер Taj Samudra. Повеќе информации за Epica Awards Sri Lanka на следниот линк.