И оваа година организаторите се потрудија да состават програма која ќе понуди нови знаења, размена на мислења и одлична забава за време на трите фестивалски дена во хотелот Лоне – а на учесниците нема да им биде лесно да ги изберат своите фаворити меѓу предавачите на кои им се придружува и бренд-стратегот Брајан Колинс.
Business Week го има опишано како дизајнерско светско чудо – тој е првиот графички дизајнер поканет да зборува на Светскиот економски форум во Давос и еден од само петте носители на титулата „Американски мајстор за дизајн“, кој, поврзувајќи ја креативноста и бизнисот, создава уникатни искуства за брендовите што стратешки ги води кон нивните деловни цели. На Денови на комуникациите, фестивалот за пазарни комуникации кој што ќе се одржи во Ровињ од 11 до 14 април, доаѓа Брајан Колинс!
Деловната филозофија на овој светски познат стратег, кој е и иницијатор на првиот оддел за дизајн во Ogilvy – една од најпознатите креативни агенции во светот, очигледно е едноставна: дизајнот не е само интересна типографија и убави визуелни творби – туку се работи за разбирање на целосниот идентитет и искуство на брендот. Токму дизајнот, визијата и иднината на брендот во долгогодишната работа биле неговата победничка формула, а потоа сето свое знаење го преточи во COLLINS, студио кое Forbes го издвои како една од компаниите кои ја трансформираат иднината на брендингот, додека Ad Age го стави на не толку скромна листа на 50 компании за кои креативците би „убиле“ да работат.
Ласкавите титули сами по себе не значат ништо – но затоа резимето на Колинс, меѓу другите достигнувања, ги вклучува и визуелниот идентитет на Avon, глобалниот систем за дизајн на Motorola и глобалното ребрендирање на Spotify, што Design Week, Wired и Fast Company го прогласија за едно од најистакнатите ребрендирања во светот.
„Кога една од најголемите креативни агенциски мрежи на светот (која претходно сте ја напуштиле) ќе ве ангажира да направите ребрендирање тукму за нив, и покрај десетици илјади внатрешно вработени дизајнери и уметнички директори, сигурно имате нешто да кажете што вреди да се слушне и покажете нешто што вреди да се види. Минатата година со нетрпение ја очекував алхемијата на Рори Сатерленд, оваа година со нетрпение ја очекувам алхемијата на Брајан Колинс (и ирационалноста на Ден Арили) – очекувам празник за очи и уши!“ – истакнува Дамир Циглар, член на организацискиот одбор на Денови на комуникациите.
Усовршувајќи ги своите креативни сетила и поврзувајќи ги со брилијантни стратегии, Брајан Колинс живее во иднината, испробува нови начини да ја преточи во дизајнот, а потоа со него се враќа во сегашноста. Во COLLINS, објаснува тој, тие дизајнираат трансформативни иднини за своите клиенти, а иницијатор на овие трансформации е, ни повеќе ни помалку – минатото. Како да се предвидат и потоа да се изградат претходно неистражените области во дизајнот? Токму за тоа ќе разговара со учесниците на Денови на комуникациите во предавањето насловено “Design Alchemy – The Art of Transformation and the Inevitable Future(s)”.
Да потсетиме, веќе се најавени низа исклучителни предавачи на фестивалската сцена во Ровињ. Па така, покрај Колинс, на учесниците ќе им се придружи и светски познатиот бихејвиорален економист, психолог и научник кој се занимава со човековото однесување, Ден Арили; креативениот бунтовник од Азија со повеќе од илјада признанија за неговата работа, Јуџин Чеонг; основачот на некои од првите вирални Фејсбук страници и еден од првите што сфати колку навистина може да бидат влијателни социјалните медиуми – Алекс Партриџ; светски познатата експертка за поврзување на дигиталните иновации со невронауката, Шиви Џервис; првата адвокатка специјализирана за регулативата и авторските права во сферата на видео игри, која ќе не однесе на патување низ контроверзниот метаверзум – Микаела Мантења; водечкиот комуникатор на лабораторијата за вештачка интелигенција Deepmind на Google, SpaceX и Facebook, Декс Хантер-Торике; како и низа други светски имиња во индустријата кои ќе понудат непроценливи искуства, завидно знаење и врвни согледувања.
Сите креативци, маркетери, дигиталци, претставници на медиумите и други комуникатори кои и оваа година сакаат да бидат во друштвото на регионалните и светски лидери во индустријата, можат да најдат повеќе информации за учество на www.danikomunikacija.com.