Случајот се заснова на фотографии кои луѓето ги објавуваат на Фејсбук, а кои подоцна се користени за да се идентификуваат лицата на тие луѓе на други фотографии. Бидејќи не постоела дозвола од страна на корисниците на државата Илиноис, започнат е процес. Оваа одлука го означи почетокот на нивната понатамошна постапка против Фејсбук.
Компанијата не успеа да го убеди судот дека секој корисник на платформата Фејсбук ја дал својата согласност за такво нешто. Судот ги отфрли сите тврдења и посочи дека корисниците на оваа социјална мрежа веќе страдале доволно заради нарушување на приватноста.
Во тужбата се тврди дека не направиле доволно од Фејсбук за да ги предупредат луѓето за тоа што ќе се случи. Се работи за многу чувствителни биометриски податоци, бидејќи тоа не е случај како кражба на кредитна картичка или број кој може да се замени. Лицето не можете да го промените, пишува Би-Би-Си.
Судскиот процес започна во 2015 година со тврдење дека Фејсбук ги прекршил законските рамки на државата Илиноис, а доколку судот донесе пресуда во корист на тужителите, Фејсбук би можел да се соочи со казна од 1.000 долари за секоја индивидуална злоупотреба и 5.000 долари за индивидуално извршување на некаков вид насилство .
Милиони корисници би можеле да се најдат меѓу оштетените, а Фејсбук најави дека се подготвени да се спротивстават.