Заврши пријавувањето на кампањи за 28. издание на креативниот фестивал и натпревар Golden Drum. Вкупно 55 членови на фестивалското жири ќе започнат со својата работа во неделата што следи, оценувајќи кампањи пристигнати од 24 различни земји.
„Тимот на Golden Drum, заедно со нашите истакнати членови на жири комисијата, е повеќе од подготвен за уште еден ѓаволски предизвик во потрага по најдобрите идеи што го обликуваа нашиот креативен пејзаж во претходната година. Особено ни е драго за неверојатниот одговор од Украина, бидејќи 29 агенции од таа земја ја искористија можноста бесплатно да се пријават со нивните најдобри кампањи. Полска, Словачка и Унгарија се следните три земји со најмногу пријавени, при што – можеби изненадувачки – две третини од сите пријави оваа година доаѓаат од независни агенции. Со нетрпение очекуваме да се сретнеме повторно на морскиот брег” – истакнува Миха Бевц од Golden Drum.
Кулминацијата на 28. издание на Golden Drum ќе биде специјалната гала вечер, за време на која ќе се слави извонредната креативност и ќе бидат прогласени најдобрите од најдобрите. Присутните ќе имаат можност да се запознаат со победникот на натпреварот за млади креативци Young Drummers, ќе биде доделена главната награда за огласувачите Brand Grand Prix, како и наградите за Јадранска агенција на година (поддржано од Zavarovalnica Triglav), за Независна агенција на годината, за Агенцијата на годината, Продукциска агенција на годината, Дигиталната агенција на годината, Креативен директор на годината и Агенциска мрежа на годината. Дополнително, на настенот ќе биде инициран и новиот член на Домот на славните при фестивалот Golden Drum.
Наградната церемонија на Golden Drum, поддржана од Mastercard, ќе се одржи на 23 септември со почеток во 20.30 часот.
„Golden Drum е тука и навистина верувам дека тоа ќе биде уште еден одличен преглед на проектите од минатата година. Досега забележавме повеќе пријавени кампањи во Едноканалната секција во споредба со минатата година каде што преовладуваше Повеќеканалниот дел. Драго ни е што категоријата Section Craft станува сé посилна, особено во групата А: Industry Craft. Не е изненадувачки, исто така, што е зголемен бројот на пријави во категоријата Social Good. Малку работи се сменија, но суштината на фестивалот Golden Drum останува иста: прослава на брилијантните идеи и луѓето зад нив, како и понатамошното подигнување на страста за креативност што го надминува просекот и нé води сите нас напред“ – заклучува Шпела Левичник Облак од Golden Drum.