Често нарекувана како првата дама на македонската мода, Тања Кокев е причината која го прави животот многу поубав за многу жени од Македонија и светот.
Девојката која доживеа светска слава со уникатните венчаници, неодоливи чевли и првокласни парфеми, на наредното Бизнис кафе ќе ни го раскаже својот пат од историчарка на уметност, новинарка, менаџер на книжари до дизајнерка која македонската висока мода ја стави на мапата на светскиот џет-сет.
Карта за настанот чини 300 денари и може да се купи online на следниов ЛИНК, преку целата дистрибутивна мрежа на Купи карти за се (во Југотон ГТЦ, продажен пулт во Сити Мол, ТА Савана центар и други…) или на фактура со резервација на следниов е-маил:mkbizniskafe@gmail.com