Технолошкиот гигант Meta најави дека на корисниците на социјалната мража Threads нема да им бидат препорачувани политички содржини, освен ако тие не доаѓаат од профили коишто самите корисници сакаат да ги следат.
Според Meta, спроведувањето на новите правила ќе биде „бавно“, со цел тоа да биде направено „како што треба“.
Корисничката политика е иста каква што Meta веќе ја користи за контрола на политичките содржини на Facebook и Instagram, проширени со детални правила за тоа како Threads и Instagram ќе се справуваат со содржините во пресрет на претседателските избори во САД во ноември 2024 година.
Менаџментот на Threads неодамна објави дека платформата не сака да промовира ширење на вести и генерално политички пораки, но не ги наведе практичните мерки што компанијата ќе ги преземе за да ја постигне оваа цел.