Со истакнат невронаучник и со поддршка на Хрватски Телеком ќе го хакираме (не)свесното однесување на потрошувачите на главната фестивалска сцена!
Предводник на новата генерација маркетинг лидери – вака таткото на модерниот маркетинг Фил Котлер го опиша овој светски познат научник, кој што наскоро со регионалните комуникатори ќе го сподели знаењето со кое ја маѓепса глобалната маркетинг индустријата, објаснувајќи ги несвесните, а со тоа можеби и клучните процеси во однесување на потрошувачите. На Денови на комуникациите, импресивен фестивал на креативноста и пазарните комуникации кој ќе се одржи од 11 до 14 април 2024 година во Ровињ, со поддршка на Хрватски Телеком доаѓа истакнатиот невролог Моран Серф!
Овогодинешните Денови на комуникациите ќе се осврнат на креативноста и маркетиншките комуникации од сите страни – по објавените имиња на некои од најдобрите креативци, мислители, психолози, комуникатори, дизајнери, бренд-стратези, футуристи и лидери од целиот свет, следна на ред е перспективата на ценет невролог, автор на некои од најцитираните трудови за процесот на донесување одлуки, невронауката во маркетингот и лидерството. Моран Серф ја започнал својата импресивна кариера како етички хакер: со безбедносно следење на банките и државните институции, што го насочило кон научниот пат на проучување, а потоа и хакирање на најинтересниот трезор на светот – човечкиот мозок.
Своето вредно знаење го проширил во многу сфери – од науката, преку бихејвиоралниот маркетинг и лидерството, па сè до раскажувањето приказни – со кои суверено владее подеднакво. Неговите студии фрлаат светлина како никогаш досега на нашите процеси на донесување одлуки и чекорите со кои е можно да се влијае на нив, вклучително и предвидување на човечките интереси и афинитети со цел квалитетно лидерство и формирање на успешен тим, што на пазарните комуникатори кои од година во година се собираат на Денови на комуникациите ќе им овозможи вредни увиди и сознанија.
„Комплексноста на денешниот свет и неговата сè побрза динамика на промени се континуирани предизвици со кои се соочуваат брендовите и треба да се прилагодат побрзо од кога било. Во Хрватско Телеком најмногу сме горди на силната емотивна врска со нашите корисници. Ги слушаме, развиваме искрен и отворен однос со нив и на овој начин градиме доверба и поврзаност. Дека тоа е добра практика докажаа и истражувањата кои ги правиме, кои покажаа дека сме телекомуникацискиот бренд што корисниците најмногу го сакаат. Разбирањето на однесувањето на корисниците е многу важно за секој бренд, а предвидувањето на нивното однесување и разбирањето на емоционалните поттикнувачи на нивните одлуки е уште поважно. Понекогаш е тешко да се допре до овие емотивни двигатели со класични истражувачки методи бидејќи тие често се наоѓаат во потсвесниот дел на нашето размислување“ – објаснува Бранка Бајт, бренд директор на Хрватски Телеком.
Како најновите сознанија во невронауката можат да влијаат на креативните и огласувачките процеси? На главната сцена на фестивалот, Серф ќе одговори на овие прашања во предавањето насловено “3 Ideas From Neuroscience That Were Discovered in the Last 10 Years and Will Change the Next 10”, а учесниците ќе ги одведе зад сцената на врвните достигнувања и неговата фасцинантна соработа со некои од водечките технолошки компании кои ќе ја одбележат деценијата што претстои.
Да потсетиме, веќе се најавени голем број предавачи од исклучителната фестивалска постава – во Ровињ, покрај Моран Серф, на учесниците ќе им се придружи и светски познатиот бихејвиорален економист, психолог и научник кој се занимава со човековото однесување, Ден Арили; креативниот бунтовник од Азија со повеќе од илјада признанија за неговата работа, Јуџин Чеонг; футуристот и светски познат експерт кој ја користи науката за деконструирање на стресот и мотивацијата, Шиви Џервис; водечкиот комуникатор на Google AI Lab Deepmind, SpaceX и Facebook, Декс Хантер-Торике; првата жена адвокат специјализирана за регулативата и авторските права во сферата на видео игрите која ќе нè одведе на патување низ контроверзниот метаверзум, Микаела Мантења; основачот на виралните Фејсбук страници UNILAD и LADbible и еден од првите што сфати колку навистина влијателни можат да бидат социјалните медиуми, Алекс Партриџ; светски познатиот бренд стратег кој создава уникатни искуства за брендовите, водејќи ги до нивните деловни цели, Брајан Колинс – и голем број други големи имиња во индустријата кои ќе понудат непроценливи искуства, завидно знаење и врвни согледувања.
Сите креативци, маркетери, дигиталци, претставници на медиумите и други комуникатори кои и оваа година сакаат да се најдат во друштво на регионалните и светски лидери во индустријата, можат да најдат информации за учество на www.danikomunikacija.com.