Доаѓаме до крајот на учебната година, а бројни родители ширум светот се нервозни за тоа како ќе се справат и ќе ги забавуваат своите деца во текот на летните месеци.
Таквата мешавина на возбуда и вознемиреност што доаѓа со крајот на учебната година е пренесена во новата кампања на холивудскиот актер Метју Меконахи и неговата сопруга Камила за сопствениот бренд на алкохол Pantalones Organic Tequila.
Многу родители можат да се видат себеси во чевлите на холивускиот пар, на кои им треба момент на релаксација во хаосот. Со употреба на хумор и носталгичната рок химна “School’s Out” на Алис Купер, рекламата го пренесува чувството на оние родители кои сакаат да минуваат време со своите деца, но исто така сакаат малку „време за себе“.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Maximum Effort на Рајан Рејнолдс.