Британската организација The National Trust, чија цел е заштита на природното и културното наследство на Англија, Велс и Северна Ирска, лансираше нова кампања насловена „Everyone Needs Nature“ („На сите им е потребна природата“), во насока на поддигнување на јавната свест за важноста на природата и нејзиното позитивно влијание врз животите на луѓето.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Wieden+Kennedy London и ќе трае во следните шест недели, вклучувајќи телевизиски спотови, билборди и принт реклами.
Централните телевизиски спотови на кампањата претставуваат кратки видео содржини кои се фокусираат на смирувачкиот ефект кој го има природата врз луѓетото, без разлика дали е тоа песната на птиците, жуборењето на реките или морските бранови, поканувајќи ги гледачи да го посетат официјалниот веб-сајт на организацијта за да дојдат до „повеќе смиреност“.
Кампањата се надоврзува на одбележувањето на 125-годишнината од основањето на организацијата The National Trust, која по тој повод се заложи за посадување на нови 20 милиони дрвја и создавање на специјални „зелени коридори“. Со таа цел, организацијата ја бара поддршката на јавноста, која има можност да донира: 5 фунти во посадувањето на нови дрвја, 10 фунти во одржувањето на кражбрежни патеки или 15 фунти во создавањето на ливади со диви цвеќиња.