Профил на социјалните мрежи имаат 63% од корисниците на интернет во ЕУ на возраст од 16 и 74 години, при што уделот е најголем во Унгарија (83%), а следат Малта (82%) и Белгија (80%). Кога станува збор за помладата возраст од 16-24 години, од нив 88% се активни на социјалните мрежи. На интернет се и компаниите кои во најголем број имаат сајтови, но и се` повеќе ги користат социјалните мрежи со цел да стигнат до потрошувачите.
Уделот на младите на социјалните мрежи во 2016 година во ЕУ бил 77% во Франција и 80% во Словенија, па се до 97% во Белгија, Данска и Унгарија, објави Европската статистичка служба.
Покрај социјалните мрежи, помеѓу младите Европјани на интернет е популарно и гледање на видео содржина од Youtube или Netfliks (83%) и слушање музика (80%).
Истовремено, една третина (32%) од постарите во ЕУ, на возраст од 65 до 74 години, е активна на социјалните мрежи. Нивниот удел е помалку од половина во речиси сите земји-членки, освен во Белгија (56%),Унгарија (55%), Малта (51%) и Португалија (50%).
На интарнет постарите вообичаено читаат вести (64%) и бараат информации за здравје (59%).
Бизнис онлајн
Кога станува збор за бизнис секторот, 8 од 10 корисници на интарнет во ЕУ, онлајн бараат информции за производите или услугите. Со оглад на тоа и бизнис секторот го зајакнува своето присуство на интернет – со изработка на сајтови, користење на социјалните мрежи или таргетирано рекламирање.
Во ЕУ во 2016 година, 80% од бизнисите со пристап до интарнет имале свој сајт, за разлика од 71% во 2010 година. Меѓу земјите членки, најмногу компании со пристап до интернет кои имале сајт се од Франција (95%), а следат Данска (93%), Германија и Шведска (91%).
Гледано подетално, уделот на бизнисите со свои сајтови е поврзан со големината на компаниите – 95% големи компании во 2016 година имале сајт, во однос на 79% мали и средни компании.
Интернет присуството, мерено со уделот на бизнисите кои имаат свој сајт, поврзан е и со секторот во кој компаниите работат, па така дури 95% од компаниите кои се занимаваат со давање на услуги на сместување имаат свој сајт, додека во секторот транспорт и складирање, свој сајт имаат 67% од компаниите.
Компаниите најмногу ги користат сајтовите во нив да го претстават каталогот на производи и цени (72%), потоа за огласување на работни места (35%), „онлајн“ понуда, резервација и букирање (24%), „онлајн“ плаќање на нарачки (11%).
Покрај сајтовите, компаниите користат и социјални мрежи за да ги шират информациите за себе или за промоција. Речиси половина компании со интернет пристап во ЕУ (46%) во 2016 година користеле барем еден канал на социјалните медиуми. Најчесто се во прашање социјалните мрежи, како Fасеbоок и Linkedin, (43%), а следат сајтовите за споделување на мултимедијална содржина, како Youtube , (15%), блогови или микроблогови, како Twiter, (14%).
Гледано по земји членки, најголем удел на бизнисите со интернет пристап кои користат социјални мрежи има Малта (73%), најмногу компании активни на сајтовите со мултимедијална содржина има во Холандија (27%), а на блоговите во Британија (39%).
Компаниите во ЕУ воглавно се одлучуваат за социјални мрежи заради создавање на имиџ на своето работење или продажба на производи (79%), за да одговорат на барањета на потрошувачите (52%) или да ангажиратт работници (38%).
Во ЕУ, рекламирањето преку интернет е најпопуларно во Малта, каде што тоа го прават 47% од компаниите со интернет пристап, а следат Шведска (42%) и Данска (40%), објави Eurostat.