Популарниот сервис на Google, Youtube може да се пофали со податокот дека неговите корисници секој ден прегледуваат вкупно милијарда часови видео содржина која се наоѓа таму.
Овај податок го објави самиот Google откако неколку години помина во следење на навиките на користење на неговиот сервис. Во Google исто така напоменуваат дека едно лице би требало да седи околу 100 илјади години пред својот компјутер или на својот мобилен телефон, како само би погледнало толку часови на видео содржина.
Вреди да се спомене податокот дека толку часови на прегледување на видео содржина е постигнато заради фактот што Youtube моментално е достапен во повеќе од 88 земји во светот, како и на 76 различни светски јазици, со што покрива околу 95% од светската популација.