До јуни 2019 година, 50,3% од пребарувањата на Google завршиле без ниту еден клик. Наспроти тоа, пребарувањата од органски кликови на веб страниците кои не се од Гугл, сега сочинуваат само 45% од целокупниот сообраќај
Ова се податоци на компанијата за маркетинг аналитика „Jumpshot “, засновани на 40 милиони пребарувања на десктоп и мобилни уреди во САД. Податоците беа обработени од Ранд Фишкин, основач на пребарувачот SparkToro. Овој тренд на пребарување без никакви кликови се чини дека бележи континуиран раст од 2016 година. Во меѓувреме, органскиот дострел на веб-страниците на трети страни продолжува да опаѓа.
Меѓутоа, не е изненадувачки што голем број пребарувања резултираат без никакви кликови – особено кога имаме во предвид дека Гугл го свртува вниманието кон резимирање на клиповите на горниот дел од пребарувањето.
Сепак, како што посочува Фишкин, Американскиот конгресен панел неодамна го праша Гугл дали е точно дека помалку од 50% од пребарувањата водат кон веб-страници што не се на Google. Наместо јасен и краток одговор, Гугл расправаше за автентичноста на наведените податоци – без да ги негира.
Многу страници се обидуваат да ја направат нивната содржина да се истакне како клип, кој може да привлече значаен сообраќај. Интересно е што Фискин напоменува дека доминацијата на пребарувањето на Google достигна 94% од пазарот (податоците се засноваат само на browser пребарувања) .
Вреди да се напомене дека ова не е сосема нов развој на случувањата. Претходно во јуни, Search Engine Land наведе претходно истражување на Фискин кое сугерираше дека пребарувањата без никакви кликања во првото тримесечје од 2019 година достигнаа скоро 49% од сите пребарувања. Сепак, беше забележано дека методологијата на Фискин не е непобитна.
„Податоците се засноваат на повеќе од една милијарда пребарувања на веб прелистувачи на десет милиони десктоп и Android уреди во САД“, напиша Search Engine Land. “Не вклучувајќи ги пребарувањата извршени на iOS уреди, апликации за Google пребарувања, уреди само со глас или пребарувања кои завршиле со кликнување на мобилната апликација.”
Овој наод повторно ги покренува за анти-конкурентското однесување на Google, кое многумина го критикуваа во минатото. Всушност, 23 европски компании за барање работа работат на поднесување на антимонополска тужба против Google до Европската унија. Компаниите тврдат дека Гугл ги рангирал своите резултати од пребарувањата поврзани за работа над резултатите од конкурентите. Она што ги прави работите уште полоши е тоа што веројатно ова не е првпат пребарувачот да поттикне критики поради своите практики против конкуренцијата.
Во минатото, компанијата беше казнета со 1,49 милијарди евра поради гаснење на конкуренцијата за огласување, 2,4 милијарди евра за неправедно поттикнување на сопствените услуги за купување и 4,34 милијарди евра за нелегално ограничување на користењето на „Андроид“.