Француската добротворна фондација Abbé Pierr започна нова кампања насловена “The Good Life” („Добриот живот“), со која упатува еден надежен поглед кон животот после бездомништвото.
Централниот спот на кампањата ја следи приказната на една жена по име Вирџинија, кој во текот на едно деноноќие се соочува со еден куп мали неудобности: мора рано да се буди за на работа, го пропушта својот автобус, се крши екранот на нејзиниот телефон, мора да носи намирници по скали бидејќи не работи лифтот, се расправа со својот сопруг, се буди сред ноќ за да се погрижи за своето бебе.
Меѓутоа, на сите овие мали неудобности, Вирџинија возвраќа со насмевка. Зошто? Затоа што кога поминува низ ближниот парк, таа ја гледа клупата на која спиела додека била бездомник. А, сега, таа има работа, топол дом и семејство.
„Постои живот после бездомништвото“ – гласи слоганот на видео спотот, повикувајќи ги добронамерните луѓе да направат донација за помош на бездомниците.
Кампањата е создадена во соработка со агенцијата Fred & Farid Paris.