Како своја прва кампањата после седум години, британскиот The Guardian ја лансираше „Надежта е моќ“, со цел да ги охрабри читателите ширум светот да го поддржат новинарството.
Опстанокот на весникот во голема мера зависи од донациите на читателите. Со цел тие да достигнат 2 милиони фунти до 2022 година, „Надежта е моќ“ треба да ја продлабочи довербата на Guardian кај своите актуелни поддржувачи, но и да поттикне нови читателите.
Слоганот на кампањата е инспириран од текст од 2017 година на генералниот уредник Кетрин Вајнер, насловен „Мисијата на новинарството во време на криза“, во кој таа ги повика читателите да го поддржат весникот.
Изградена врз односот кој The Guardian го има со своите читатели, кампањата ја истакнува клучната улога која весникот ја има во доставувањето на информации до луѓето, кои на нив им овозможуваат да се спротивстават на статус квото, да дојдат до свежи идеи и да развијат ставови со кои бараат одговорност од моќниците.
Изборот на жолтата боја не е случајна, туку обид да се внесе позитивност со која ќе се поттикнат читателите да преземат акција против позадина на една мрачна и турбулентната ера.
Како дел од кампањата беше објавен и спот, режиран од Џејмс Марш, во кој една упорна пеперутка успева да го скрши стаклото кое ја ограничува и да се придружи на останатите пеперутки. Мотото е: „Промената е можна. Надежта е моќ.“
Во остварувањето на кампањата, маркетиншкиот и уредничкиот тим на The Guardian соработуваше со повеќе агенции: Done, Uncommon London, PHD и Pentagram.