Наџа Белан-Вајт, долгогодишен професионалец во областа на адвертајзингот и повеќекратен директор на агенцијата Ogilvy, е именувана за прв глобален маркетинг директор на медиската групација Vice Media.
Таа ќе стапи на функцијата од крајот на Октомври, а нејзина задача ќе биде да го обедини протфолиото и тимовите на Vice Media Group за маркетинг, брендинг и комуникации под една раководна палка. За своите задачи ќе одговара пред генералниот извршен директор Ненси Дубук.
„Ние ја имаме можноста да продолжиме да градиме еден бренд кој ги отелотворува столбовите на вистината и културата – и тоа во време кога е толку многу важно за нашата публика да се раскажат оние приказни кои ги рефлектираат нивните животи,“ истакна Белан-Вајт по повод назначувањето за глобален CMO на Vice Media.
Моментално групацијата има пет деловни оддели: платформата за дигитални содржини Vice.com, новинската агенција Vice News, продукциската куќа Vice Studios, телевизиската мрежа Vice TV и “full-service” креативната агенција Virtue.