Без оглед на тоа какви маркетинг стратегии применуваат фирмите, рекламирањето останува еден од најважните аспекти на бизнисот.
Еволуцијата на рекламирањето т.е. развојот на дигиталната ера ја услови поделбата на самите медиуми на рекламирање на офлајн и онлајн
Во 2017 год. дигиталното рекламирање е сигурно примарно кога станува збор за тоа каде треба да се започне со инвестирање на буџетот за промоција и рекламирање. Просечниот возрасен човек троши околу еден час дневно сурфајќи на интернет. Исто така, троши речиси исто толку време на својот мобилен телефон. Според истражувањата, најголемиот дел од таргетираната група на рекламата, преку сите медиуми на рекламирање, и офлајн и онлајн, сигурно ја виделе онлајн.
Од друга страна, луѓето се уште трошат 70% од своето време на отворено, и медиумите за надворешно рекламирање нудат можности за ефикасна маркетинг кампања.
Според Ad Age, надворешното рекламирање е единствената форма на традиционалните медиуми која бележи зголемување во однос на продажбата. Во 2015 година, надворешното рекламирање имаше зголемена продажба од 7 милијарди до 7.3 милијарди долари. Приходите од надворешното рекламирање врз основа на бројките објавени од Асоцијацијата за надворешна реклама на Америка ( ОААА – Outdoor Advertising Association of America) се зголемиле за 0,3 проценти во првиот квартал од 2017 година во споредба со претходната година и изнесува 1,64 милијарди долари. Зголемувањето на приходите го означува 7-годишниот последователен раст на овој медиум.
Во првиот квартал оваа година, 21 од 100-те најголеми компании, во делот на надворешното рекламирање повеќе од двојно го зголемиле трошењето во споредба со Q1 2016 година, вклучувајќи ги: 24 Hour Fitness Center, Amazon, American Express, Arconic Service, AT&T, Atlantic, Barclays, CBS, Charter Communications, Coca-Cola, Deloitte & Touche Consulting, Dove, Ebay, Facebook, Google, MailChimp, Nintendo, Progressive, Slack, Sony Pictures и Tresemme.
Стивен Фреитас, главен маркетинг директор на ОААА со неговата изјава “Неодамнешната студија за активирање на интернет на Нилсен ја демонстрираше супериорната способност на надворешното рекламирање да активира онлајн активност во споредба со другите присутни медиумски канали“ ја навестува дополнителната улога на медиумите за надворешно рекламирање.
Според истражувањето на Нилсен (ЛИНК: OOH Online Activation Survey) спроведено од 20-30 Март 2017 година, пребарувањето на Facebook, Twitter и Instagram поттикнато од медиум за надворешно рекламирање зазема 26% од вкупното медиа рекламирање, а во него биле вложени само 7% од вкупните трошоци за рекламен микс вклучувајќи ги и ТВ, радиото и печатените медиуми.
Истото истражување ја потенцира новата улога, покрај добро познатите придобивки на медиумите за надворешно рекламирање (постојаното присуство 24/7 кое не може да се исклучи со клик, генерирање на континуирана видливост, изложеност и доставување на рекламната порака до целната група), како „активатор“ за пребарување на некој производ или услуга онлајн – активира пребарување на интернет поттикнато од реклама може да вклучи посета на страници, мислења на Фејсбук или мислења на Твитер.
Рекламата за надворешно рекламирање “активира“, т.е. испорачува поголема онлајн активност по реклама во однос на парите потрошени за неа, споредено со ТВ, радиото и печатените медиуми.
Многу зависи од потребите на самиот бизнис, но надворешното рекламирањето сè уште е ефективно кај оние кои бараат долгорочна застапеност на брендот и насочени резултати (т.е. агресивни кампањи за производи или услуги).
Рекламните панели како медиум за надворешно рекламирање во град како Скопје, на одредени позиции со голема фреквентност постигнуваат видливост кај повеќе 100.000 луѓе дневно. Потезите со панели се најефективната алатка, поради ефектот на повторување на рекламната порака кој директно влијае врз перцепцијата на потрошувачите.
Рекламирањето со потези со панели е одржлива алатка за освојување и конвертирање на нови клиенти. Нуди ефективно рекламирање, долгорочна застапеност на брендот и насочени резултати (т.е. агресивни кампањи за производи или услуги, свесност за брендот). Тоа е особено корисно кога е во комбинација со онлајн-маркетинг за да се изгради моќен далекусежен маркетинг пристап.
Автор: Александра Дограмаџиева