Автомобилскиот бренд Volkswagen лансираше нова кампања за британскиот пазар, насловена “Electrifying Movies” („Наелектризирани филмови“), со која ги промовира своите електрични и хибридни возила.
Кампањата се состои од 16 кратки спотови од 15 секунди кои прикажуваат тензични моменти од некои препознатливи кинематографски тропи, а вклучуваат електрична енергија.
Меѓутоа, пред да се случи кулминацијата во сцените, се случува хумористичен пресврт – се јавува проблем во доводот на електрична енергија, предизвикан од некој возач на Volkswagen кој го преместува приклучокот за да си го наполни возилото.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција adam&eveDDB, по повод обновувањето на спонзорството на Volkswagen за британскиот телевизиски канал ITV и нивната филмска продукција за дополнителни 2 години.