Шести пат по ред на Weekend Media Festival во Ровињ беа доделени најзначајните дигитални награди во регионот – SoMo Borac. За прв пат, церемонијата на доделување награди се одржа во големата сала на Weekend Media Festival пред повеќе од 500 гости. Кампањите беа оценувани од страна на стручно жири составено од дигитални експерти од најдобрите агенции во регионот и може да се погледнат на официјалниот YouTube канал.
„Оваа година забележавме многу интересен тренд – голем број на мали агенции како финалисти и победници, покажувајќи многу добри кампањи. Видовме и неколку кампањи набиени со толку емоции што на многумина од гостите им се насолзија очите. Како и низ сите овие години, и на шестото издание на SoMo Borac добивме еден пресек за регионот и најава за трендовите кои не’ очекуваат во 2019 година,“ изјави Ружица Врдолјак Лиќина од организациониот одбор на SoMo Borac.
Овогодишни наградени на SoMo Borac се:
Категорија „SoMo web“
- Web burza, Vipnet
- Size, Fresh Island
- Glitch Agency, Bikini Moon
Категорија „CM Godine“
- Ивана Мијатовиќ, Pioniri, Frikom
- Сара Јерман, Cvoke, Olival
- Дијана Дретар, Degordian, Franck
Категорија „SoMo Tech“
- Delta Reality, Tumpic / Prenc, Svetvinčenat
- Delta Reality, Vipnet
- Luna/TBWA, Lidl Slovenija
Категорија „Somoritanac“
- Agencija 101, Unicef
- McCann Beograd и McCann Podgorica, NGO Centar za ženska prava
- Direct Media, SPIKS
Категорија „Viralni blockbuster“
- Ovation BBDO, Nectar
- Agencija 101, Unicef
- Agencija 101, Atlantic
Категорија „Digitalni mix“
- Bruketa&Žinić&Grey, Croatia osiguranje
- Pristop, Atlantic
- Communis DDB, Bambi a.d.
Категорија „SoMo content“
- Ovation BBDO, Nectar
- Communis DDB, Bambi a.d.
- Degordian, Vipnet
Категорија „SoMo App“
- Infinum, Sandoz
- Zagrebačka pivovara, Degordian
- Pristop, Zavarovalnica Triglav
Категорија „SoMo Social“
- Saatchi & Saatchi, Jana POBJEDNIK
- Glitch Agency, Na terapija
- Eden na eden, Sport M