Ако имавте некаков сомнеж дека адвертајзингот прераснал во трка за креативни иновации, не гледајте подалеку од победниците на овогодинешното издание на меѓународниот креативен фестивал Clio Awards.
Највисокото признание на фестивалот, Grand Clio наградата, им припадна на брендовите и идеите кои го предизвикуваат концептот на адвертајзингот како област закотвена во 30-секундни телевизиски спотови. Иновациите и храбрите одлуки доминираа на наградната церемонија која се одржа средата вечер во Њу Јорк.
Она што е интересно е што, за разлика од минатата година кога кампањата „Fearless Girl“ на McCann и State Street Global Advisors освои пет Grand Clio награди, оваа година немаше еден доминантен победник. Најмногу награди освои австралиската агенција Host/Havas која освои 2 Grand Clio награди за кампањата „Palau Pledge“.
Buger King ја освои наградата за Огласувач на годината, Ogilvy Chicago ја доби наградата за Агенција на годината, а BBDO Worldwide за Агенциска мрежа на годината.
Во продолжение следуваат освојувачите на наградата Grand Clio по категорија:
Категорија: Direct Grand Clio
Кампања: „Palau Pledge“
Огласувач: Palau Legacy Project
Агенција: Host/Havas
Категорија: Innovation Grand Clio
Кампања: Palau Pledge
Огласувач: Palau Legacy Project
Агенција: Host/Havas
Категорија: Print Grand Clio
Кампања: Ikea Pee Ad
Огласувач: Ikea
Агенција: Åkestam Holst
Категорија: Digital/Mobile Grand Clio
Кампања: Exclusive the Rainbow
Огласувач: Skittles
Агенција: DDB Chicago
Категорија: Film Grand Clio
Кампања: Welcome Home
Огласувач: Apple
Агенција: TBWA\Media Arts Lab
Категорија: Branded Entertainment Grand Clio
Кампања: Corazon
Огласувач: Montefiore
Агенција: Serial Pictures
Категорија: Out of Home Grand Clio
Кампања: The Most German Supermarket
Огласувач: Edeka
Агенција: Jung von Matt
Категорија: Integrated Campaign Grand Clio
Кампања: Gene Test
Огласувач: Marmite
Агенција: adam&eveDDB
Категорија: Partnerships and Collaborations Grand Clio
Кампања: Pride Jersey
Огласувач: AIG
Агенција: TBWA\Hakuhodo
Категорија: Audio Grand Clio
Кампања: JFKunsilenced
Огласувач: Times/News UK and Ireland
Агенција: Rothco/Accenture Interactive
Категорија: Grand Clio Music – Music Marketing
Кампања: “1-800-273-8255”
Огласувач: Prevention Lifeline
Изведувачи: Logic, Alessia Cara и Khalid
Категорија: Grand Clio Music – Use of Music
Кампања: webeefin?
Огласувач: Wendy’s
Агенција: VML
Целосната листа на наградени може да ја погледнете на следниот линк.