На 27–ми и 28–ми јуни, “Маркетинг365 Ресурсен центар” организира обука со Гоце Пачемски на тема “Односи со јавност (ПР) за време на криза”.
Ова е прва од низата обуки и работилници наменети за професионалци од комуникациската индустрија кои ќе бидат организирани од тимот на Маркетинг365 во наредниот период, а чија цел е зголемување на интерните капацитети и знаења на комуникациските тимови и професионалци од домашните маркетинг/PR агенции, компании, организации и институции.
Како обучувачи ќе се појават неколку врвни експерти–практичари од индустријата кои со своите колеги ќе споделат знаење и искуство на темата за која се тесно специјализирани и тоа го докажале со своите секојдневни ангажмани.
Групите во кои ќе се одржуваат обуките и работилниците ќе бидат во потесен круг со цел да се задржи вниманието на темата и квалитетно да се реализираат активностите предвидени со практичниот дел и истите ќе продолжат во комуникација со организаторот и обучувачите и во периодот потоа заради координација и менторирање во имплементацијата на научените вештини и алатки.
Обуката “Односи со јавност (ПР) за време на криза“ со Гоце Пачемски ќе се одржи во “Хотел Солун” во Скопје и за неа ќе може да се пријават сите заинтересирани со испраќање на маил на: contact@marketing365.mk или да се јават на 070 865 897.
Деталите поврзани со цената на котизацијата, агендата и предвидените теми од обуката може да се видат на следниов ЛИНК.