На 28 февруари (понеделник), во Младинскиот културен центар во Скопје (МКЦ), со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Македонска Глаголица – Македонска Кирилица“ на дизајнерите Ласко Џуровски и Лазе Трипков.
На изложбата ќе бидат претставени постери и фонтови создадени од страна на двајцата дизајнери, кои во својот фокус ја имаат македонската писменост и двете словенски азбуки – Глаголица и Кирилица.
Авторите се заблагодаруваат на МКЦ за реализацијата на изложбата, како и на професорката Елка Јачева Улчар за нејзината стручна поддршка.
Изложбата ќе биде отворена до 7 март 2022 година.