Следната сабота на 20.04.2024 г. ќе се оддржи третото издание на конференцијата “Родителството во ХХI век” на која ќе се дискутираат некои од најважните прашања во растот, воспитувањето и развојот на децата.
Конференцијата е наменета за сите родители на деца и адолесценти, а како говорници ќе се најдат едукатори и професионалци од областа на психологијата, педагогијата и дефектологија кои ќе имаат свои предавања и потоа ќе одговараат на прашања од публиката.
Повеќе информации за говорниците може да се видат на сајтот на организаторите.
Настанот ќе се оддржи во конференцискиот дел на “Среќа Бар” во Скопје. Почетокот е закажан за 09:00 часот, а влезниците по симболична цена од 700 денари (во кои влегуваат кафе паузите) може да се купат преку Karti.com.mk на следниов ЛИНК.
На настанот се поканети да присуствуваат сите родители на деца и адолесценти, но и оние кои допрва планираат да навлезат во родителските предизвици и повеќе да научат за системите за воспитување и одгледување.