Интересна и разновидна листа на говорници, модератори и членови на жирито на NEM Contest и NEM Awards
Повеќе од 30 говорници, членови на жирито и модератори го потврдија своето присуство на NEM Zagreb 2023. Настанот, кој ќе се одржи од 6 до 8 декември 2023 година во хотелот „Esplanade“ во Загреб, повторно ќе се фокусира на креативната страна на ТВ индустријата – не само кога станува збор за ТВ сериите, туку и за филмовите. Главната цел е едукација, поврзување, продукција, копродукција и промоција на професионалци, компании и проекти, како и аквизиција содржини во и надвор од регионот на Централна и Источна Европа.
NEM Zagreb ќе собере врвни ТВ-професионалци кои се во првите редови на европската ТВ индустрија, почнувајќи од извршни директори и високи менаџери, проект-менаџери и програмски раководители, уредници на содржини, глобални директори за содржина до продукциски менаџери, извршни продуценти, креативни продуценти, раководители за драма и копродукција, сценаристи, медиумски експерти, консултанти, директори за продажба и менаџери за продажба, новинари и многу други кои доаѓаат од компании како што се Warner Bros. Discovery, Mediawan, All3media, Beta Film, Fremantle, Paprika Studios, Banijay, TVP, France Television, TV Nova /Voyo, SVT, YLE, Telekom Srbija, RTV Slovenija, Drugi plan, Европската комисија итн.
Целосната листа на потврдени говорници и членови на жирито можете да ја најдете на следниот линк.
Бројни можности на NEM Zagreb
Вредни сознанија за медиумската сфера која постојано се менува ќе бидат споделени за време на различни панели, интервјуа, презентации и специјални програми како што се NEM Contest, NEM Awards и Content Showcase. Најновите содржини и вести од индустријата кои доаѓаат од регионот на Централна и Источна Европа ќе бидат претставени за време на ексклузивни проекции и програмата Content Showcase. Најдобите драмски ТВ серии во Централна и Источна Европа ќе бидат наградени на NEM Awards, додека платформата за нови серии и филмски идеи, NEM Contest, ќе им даде признание и можност за понатамошен развој на најкреативните идеи во четири различни категории.
Организаторите најавија дополнителна потврда на говорниците во наредните недели, како и повеќе информации за нови и подобрени настани во рамки на третото издание на NEM Zagreb.
NEM Zagreb 2023 е кофинансиран од Европската Унија, преку потпрограмата Креативна Европа МЕДИА. Сите информации за настанот и котизацијата за учество се достапни на официјалната веб-страница на NEM Zagreb 2023.