Меѓународниот огласувачки фестивал Golden Drum ги претстави првите двајца говорници за овогодишното издание.
Слушајте ја Генерацијата Z за доброто на Алфа
Запознајте го Џеј Ричардс, визионерски претприемач, говорник и извршен директор на Imagen Insights. Неговата мисија? Премостување на јазот помеѓу брендовите и маладата Генерација Z со нефилтриран фидбек од оваа брутално искрена генерација.
Дел од листата „Forbes 30 Under 30“, Џеј им помага на глобалните брендови со револуционерни увиди за изработката на успешни маркетинг стратегии. Со својата работа во Imagen Insights, тој има помогнато во трансформирањето на маркетинг стратегиите на гиганти како Amazon Prime Video, Google и Unilever.
На сцената на Golden Drum, Џеј ќе открие како уште помладата Генерација Aлфа, растејќи со инфлуенсерски родители, означува значителна промена во однесувањето на потрошувачите. Но, што ќе значи ова за брендовите и агенциите? Џеј Ричардс ќе ги сподели своите ставови и сознанија во предавањњето “Listen to Gen Z now for the sake of Alpha”.
Медиумска утопија
Подгответе се да бидете инспирирани од Џенет Левин, глобална директорка за иновации во Mindshare и претседателка на жирито за креативни медиуми на Golden Drum.
Страстна за креативноста и стратегијата, Џенет ги води иновативните практики во Mindshare и создавала медиумски стартегии за глобалниот бизнис на Nike. Во Mindshare, таа моментално ги обликува стратегиите за Unilever на глобално ниво. Увидите на Џенет се публикувани во врвни професионални медиуми како AdWeek и AdAge, а таа е исто така искусен жирирач на престижни натпревари како „Smarties“ и „AdWeek Media Plan of the Year“.
Џенет ќе не внесе во „Медиумската утопија“, годишниот мисловен експеримент на Mindshare кој провокативно ја истражува иднината на медиумите и маркетингот низ објективот на различни утописки земји. Во своето предавање, Џенет ќе ги претстави предизвици на индустријата и ќе ги предложи промените што може да ги направат маркетерите за нивните бизниси да бидат подготвени за иднината и да постигнат одржлив раст.
Придружете се!
Креативци, визионери и индустриски лидери! Исчистете ги вашите распореди и заокружете ги датумите. Придружете ни се од 9 до 10 октомври во словенечки Порторож за незаборавна прослава додека одбележуваме 30 години креативен сјај на фестивалот Golden Drum!
Резервирајте го вашето место уште денес на следниот ЛИНК.